Јелена Карлеуша денес е „русокоса барбика“, но како изгледала во детството?
Популарната пејачка со својот изглед воодушевува каде и да се појави, но и нејзините фотографии од детството еднакво ги воодушевија обожавателите...
Пејачката Јелена Карлеуша својата кариера ја започна уште во 1995 година, а со својот изглед и специфичен начин на облекување постави стандардите на сцената. Освен во успешна кариера, Јелена денес ужива во хармоничниот брак со фудбалерот Душко Тошиќ, со кој има две ќерки - Атина и Ника.
Карлеуша моментално работи на проектот „Ѕвездите на Гранд“, каде што е еден од членовите на стручното жири. Во натпреварувањето таа е добро позната како некој кој нема влакна на јазикот.
Прелистувајќи ги старите албуми, Јелена еднаш покажа како изгледала како девојче, а ние ве потсетуваме на тоа. На следните фотографии, ќе забележите голема сличност со нејзината постара ќерка Атина, што значи дека наследничката на Карлеуша е копија на нејзината мајка од помладите денови.