Јелена Карлеуша денес слави роденден: Пејачката со силна порака објави видео од детството
Малата Јелена гледа во камерата, се смее, но и прави сериозни фаци...
Пејачката Јелена Карлеуша денес полни 43 години, а по тој повод се огласи на своите профили на социјалните мрежи, присетувајќи се на своето детство.
Пејчаката објави видео од деновите на нејзината младост, кое досега е изгледано многу пати, но исто толку и коментирано. Во него, малата Јелена гледа во камерата, се смее, но и прави сериозни фаци.
„Роденден ми е. Ви благодарам на сите за прекрасните честитки и желби, за љубовта, поддршката и мотивацијата! Тоа ѝ значи на оваа ѕверка во која и понатаму живее детето кое знае да се радува на роденденот“ - напиша Карлеуша, а потоа додаде:
„Одиме понатаму, има уште една година со јасен план за тоа како да го освојам целиот свет и да ги остварам своите соништа! Ги затворам очите и ги гаснам свеќичките пред мене, цврсто верувајќи во годините кои доаѓаат“.
Под објавата можат да се прочитаат безброј коментари, а особено се издвои еден: „Се гледа по очите дека ќе бидеш голема ѕвезда и ѕверка!“