Јелена Карлеуша ги шокираше сите: Имав три царски реза
Инаку, Јелена е мајка на две девојки - Атина и Ника...
Сè што мисли, кажува - се зборовите што накратко ја опишуваат српската пејачка Јелена Карлеуша. Таа е една од оние sвезди во регионот што животот не ги милуваше во последните неколку години. Пред две години ја изгуби својата мајка Дивна, а долго време се бореше и со медиумите, поради неколкуте скандали во кои беше вмешана заедно со сопругот, фудбалерот Душко Тошиќ. Двојката е во брак од 2008 година и има две ќерки, 12-годишната Атина и 11-годишната Ника. Бидејќи не се пишуваше многу за тоа, малкумина знаат дека таа има изгубено бебе во 2014 година.
„Многумина ме прашуваа со години како имам толку рамен и затегнат стомак, изразени стомачни мускули и мал обем на струкот. Тајната е во корсетот што го носам секој ден, понекогаш навечер, често под облека... Со редовно носење и „тренирање“ на струкот со овој корсет, се топат масните наслаги и драстично го намалувате обемот на струкот, ги намалувате опуштените мускули, ја намалувате гладта, го подобрувате држењето на телото. Јас го препорачувам на секоја жена, особено на оние кои се дебелеат во стомакот, мајки и жени кои тренираат. Имав три царски рез (да, три), родив две деца, го оперирав слепото црево(предниот ѕид на стомакот ми е многу ослабнат), не вежбам и многу ми помогна овој корсет“ - напиша таа на Инстаграм, од што посебно се издвои реченицата околу три царски реза.
Патем, малку се знае за нејзината трета бременост. „Јас навистина не сакам да зборувам за таа тема. Ве молам да бидете внимателни. Доволно е да се каже дека постојаниот стрес доведе до катастрофални последици. Тоа е само моја работа, моја интима и не би сакала да се пишува и разговара за тоа. Сега сум под уште поголем стрес, сите љубопитно чекаат што ќе направам по повеќе од една година пауза“ - тогаш кратко прокоментира за српските медиуми, кои открија дека го изгубила бебето во осмата недела од бременоста.