Јелена Карлеуша ја поддржи Бресквица: Го објави нејзиното видео со порака каква што никој не очекуваше

Јелена Карлеуша ја поддржи Бресквица: Го објави нејзиното видео со порака каква што никој не очекуваше

Објавена во: Stars // Музика

Јелена Карлеуша ја поддржа Бресквица откако ја објави својата прва самостојна песна „Сречан пут“ во која, повеќе од очигледно, пееше за своето поранешно момче Војаж.

Некогашната музичка и љубовна двојка, Војаж и Бресквица, објавија нови песни, што не би било чудно доколку сето тоа не се случеше во ист ден.

Тој ја објави долгоочекуваната „Картел“, а таа му порача „Сречан пут“. И доколку постои уште некој кој и понатаму се сомнева дека во песната се зборува за Михајло, доволно е само да го слушне рефренот, кој јасно ги открива работите.


Факт е дека откако раскинаа, на некој начин обожавателите бираа страна, па дури и јавните личности, иако се ретки оние што за сево ова се изјаснија јавно.

Меѓутоа, една од оние најхрабрите беше и популарната пејачка Јелена Карлеуша која јасно кажа на кој тим припаѓа.

Имено, таа на својот Инстаграм профил сподели дел од спотот за новата песна на Бресквица  и во описот напиша „Cutie“.

Обожавателите ова го дочекаа со воодушевување, како и самата Бресквица која го реобјави ова стори. Покрај тоа што доби „ветар во грб“ од постара и поискусна колешка, Бресквица има уште една причина за среќа, а тоа е дека владее на трендинг на Јутјуб во регионот.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: