Јелена Карлеуша објави фотографии со покојната мајка: Песната која ја вметна ќе ви го скрши срцето
Не минуваат ниту два дена, Јелена Карлеуша да не објави фотографија од нејзината покојна мајка Дивна на Инстаграм, или да сподели некои нивни заеднички моменти.
Се чини дека тагата на Јелена е секој ден сè поголема дури и по две и пол години по смртта на Дивна.
Овој пат, пејачката објави нивната заедничка фотографија, на која Дивна е потпрена на нејзиното рамо, и најемотивно во целата објава е песната ја избра Јелена покрај оваа фтока.
Тоа е една од најтажните балади од Дина Мерлин, на која стиховите гласат вака:
„Луѓето не се желки
Да можат со векови да живеат.
Но, еден ден, еден ден,
само еден
Боже, дај ни уште
Еден ден, една ноќ, една ноќ
Само една ноќ
Боже, дај ни ја уште
Таа една ноќ...“