Јелена Карлеуша отворено за бракот и своите секси маани: Душко сака кога сум размазена
Бракот на Јелена Карлеуша последните две години е на мета на медиумите и јавноста, која не престанува да се итнересира за тоа што се крие зад четирите ѕида во вилата на Сењак, но и во какво однос е со сопругот, фудбалерот Душко Тошиќ.
Јелена и Душко оваа година обележуваат 15 години од почетокот на својата врска и 13 години од брак, а добар дел од брачниот стаж, поради обврските на фудбалерот во странство, ги поминаа разделени. Сево ова не влијаеше на нивната приватност и љубов. Јелена тврди дека во текот на изминатите години сопругот и таа станале уште поблиски, дека емоциите помеѓу нив се надоградиле и дека тврдината која ја изградиле со своите наследнички, Атина и Ника, никој не може да ги сруши.
Во видео интервјуто кое го даде за магазинот „Стори“, Карлеуша се присети на почетокот на бракот со Душко и откри дали и понатаму го нарекува свој господин совршен, кои нејзини маани подеднакво го нервираат и му годат, како и на што сè е подготвена за да го заштити.
Во продолжение може да го погледнете целото интервју на пејачката.