Јелена Карлеуша сподели фотка од Атина и Ника: Сите комнетираат колку се убави, а таа е „копија на мама“
Карлеуша викендот го помина со своите наследнички...
Јелена Карлуеша сподели фотографии од своите наследнички, Атина и Ника, а сите коментираат колку девојчињата се убави и дека една од нив е „копија на мама“.
Карлеуша убавите и сончеви денови од викендот ги помина надвор од дома, со своите наследнички, а за време на возењето забележа еден момент кој ги воодушеви нејзините следбеници, со оглед на тоа што многу ги сакаат нејзините наследнички и моментите кои ги поминува со нив.
Јелена од предното седиште ги фотографираше своите ќерки, кои седеа на задното, а со нив уживаше и нивниот домашен миленик, кој Атина го држеше во раце. Пејачката на објавата напиша: „Моите бебиња“.
Она што на сите им падна во очи е тоа дека Атина и Ника се многу убави девојки, а следбениците на Јелена пишуваат дкеа постарата ќерката е иста како мајка ѝ.
„Преубави се“, „Атина и Ника се прекрасни и воспитани девојчиња“, „Атина е иста како Јелена“, „Како уживаат девојките“, „Колку се само убави“, „Кукли, само ти им недостасуваш на фотографијата“, „Јелена, децата ти се преубави“, „Атина неверојатно ме потсетува на Јелена“ - се само некои од коментарите.
За потсетување, Атина беше многу популарна на Инстаграм и ТикТок, каде имаше неколку стотина илјади следбеници, но кон крајот на минатата година се повлече од овие социјални мрежи.
Ника ја обожуваат на социјалните мрежи, бидејќи е многу духовита и паметна, а Јелена од време на време, со следбениците споделува фотографии и видеа од Ника.
фото: Принтскрин / Инстаграм