Јелена Карлеуша во фустан од 20 евра: Покрај скапите парчиња облека, го носи овој во тренди боја

Јелена Карлеуша во фустан од 20 евра: Покрај скапите парчиња облека, го носи овој во тренди боја

Објавена во: Живот // Живот

Популарната пејачка Јелена Карлеуша стана синоним за модни комбинации кои често чинат мало богатство, но сега облече фустан кој е достапен за многумина.

Стилот на Јелена Карлеуша често сите го копираат, а таа нема проблем да износи и провокативни модели кои може да си ги дозволи. Имено, Јелена на својот Инстаграм профил објави фотографија на која носи портокалов фустан, а многумина се пошегуваа на сметка на сандалите и чантата кои заедно чинат 2.070 евра.

Во една прилика, алудирајќи на своето портокалово Ферари и чанта од познат бренд, кажа „Портокаловата боли“, па многумина тоа го искористија во коментари, мислејќи дека портокаловите парчиња на Јелена чинат многу.

Сепак, таа покажа дека е вистински волшебник кога станува збор за комбинирање на скапи и подостапни парчиња облека и тоа со оваа портокалова комбинација. Портокаловиот фустан кој воодушеви многумина може да се најде на официјалната веб-страница prettylittletings.com и неговата цена е 20 евра со попуст, додека оригинална цена е 25 евра.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: