„Јесен у мени“ му ја одбележа кариерата: Пораката која ја носи песната која ја испеа Аки Рахимовски е силна и емотивна
Пејачот на познатата група „Парни ваљак“, Аки Рахимовски почина на 66 години. Тажните вести ги потврдија членовите на бендот и неговиот менаџер, додека една од песните на групата, која засекогаш ќе остане во срцата на публиката, со сигурност е „Јесен у мени“.
Оваа песна е објавена во далечната 1987 година на нивниот албум „Аџели се досаџују“, а многу брзо се издвои од истиот како уште еден голем хит на групата. Песната и понатаму, по неколку децении се слуша и пее со истиот жар.
Низ песната е проткаено е многу тага, а групата сакаше со оваа песна да испрати јасна порака - колку се некомплетни луѓето без љубов. Песната зборува за тоа дека кај осамениот човек секогаш е „есен“, метафорично прикажувајќи колку му е пусто и празно срцето, додека, за разлика од девојката за која пати, кај која е „пролет“.
Аки во песната пееше дека покрај сѐ, сепак наубавата песна ќе ѝ ја отпее на таа девојка, додека никогаш не е откриено дали оваа песна е посветена на некоја личност. Како и да е, сигурно е дека многумина се пронаоѓаат во овие познати стихови.
фото: Принтскрин/Youtube