Јована Јоксимовиќ по „Фајзер“ вакцината: 7 дена подоцна се чувствував болно, а потоа проверив антитела...
Кога повторно би требало да се вакцинирам, пак би избрала „Фајзер“, влеи водителката...
Водителката Јована Јоксимовиќ во јануари ја прими првата доза на вакцината „Фајзер“.
Во интервју за „Блиц“, Јована објаснува зошто одлучила да ја прими вакцината, како и зошто ја одбрала вакцината на американската мултинационална фармацевтска компанија.
„Сакав да се вакцинирам. Инсистирав на тоа. Сакав да го сторам тоа во моментот кога вакцината беше достапна во нашата држава. Да ви кажам право, нетрпелива бев кога ќе ни биде дозволено на нас новинарите да ја примаме. За среќа, бевме меѓу првите, затоа што новинарите се меѓу приоритетните групи. Имав привилегија да ја добијам првата доза во јануари“ - објаснува водителката и додава:
„Добив „Фајзер“. По разговорите со експерти и луѓето кои знаат многу повеќе од мене, заклучив дека ова е вакцина што се произведува по некои нови технологии. Во јавноста се достапни сите истражувања на оваа тема и многу работи се кажани, што е добро. Сфатив дека приказната за оваа вакцина е транспарентна и дека алергиските реакции кои се јавуваат во некои случаи се многу мали. Тие скоро и да не постојат. И тоа ми беше важно“ - вели Јована која објаснува дека само по ревакцинацијата почувствува одредени симптоми:
„После првата доза на вакцината, немав никаква реакција, освен тоа што малку ме болеше левата рака на која го добив убодот со игла. Сепак, по втората доза, имав треска, носот ми течеше, кашлав. Јас се разболев. Што е важно, седум дена по ревакцинацијата отидов да проверам антитела и имав 35 . И овој резултат што ви го испратив беше три и пол недели по вакцината, што значи дека нивото на антитела се многу се зголеми.“
По добивањето на втората доза, нивото на IgG антитела и е 39,56.
„Мило ми е што испитувањето резултираше да првата доза на вакцина „Фајзер“ штити доволно, а воедно ви се зголемува бројот на антитела. Кога повторно би требало да се вакцинирам, пак би избрала „Фајзер“ - искрена е Јована.