Јована Трајчева, пијанистка: „За 10 години ќе ме слушнат сите“
Од домашни мини-концерти, па сè до концертните хали во Рим, Париз, Милано и Монте Карло, Јована Трајчева e магистриран пијанист, концертен изведувач и наставник по пијано и е новата хероина од видеосеријалот „Иднината е светла“ на Халкбанк.
Со страст за музиката и со желба за пренесување на љубовта кон класичната музика на идните помлади генерации, Јована срдечно зборува за себе и за нејзиниот светол пат кон концертните успеси.
„За 10 години се надевам дека ќе ги освојам сите светски сцени“, вели таа.
Ние сме горди на тебе, Јована, и ќе го следиме секој твој чекор кон твојата светла иднина!
Погледнете го видеото во кое Јована зборува за своите планови, полни музика и оптимизам:
Видеосеријалот „Иднината е светла“ е дел од 10-годишнината од постоењето на Халкбанк на македонскиот пазар. Како и досега, Халкбанк продолжува со инвестирање во луѓето, нивниот потенцијал и во нивната светла иднина.
Погледнете ги останатите видеа од видеосеријалот на следниот линк:
* ПР - објава