Јутјуб видео со најмногу прегледи за 24 часа: Тин сензацијата ги надмина сите

Јутјуб видео со најмногу прегледи за 24 часа: Тин сензацијата ги надмина сите

Објавена во: Stars // Музика

Приказната не завршува тука. Со овој рекорд, со истото видео беа струшени уште два големи рекорди на Јујутб...

Кој ќе биде доволно популарен за ги надмине сите овие рекорди? Девојките со последното видео ги освоија сите, а дури иако не слушаш ваква музика, доколку им дадеш можност, ќе те освојат и тебе.

Кој видео успеа на Јутјуб да собере најмногу прегледи во првите 24 часа? Овие денови овој рекорд го поставија и за се кренаа за едно скалило погоро девојките од групата Blackpink. К - поп женската група со години соборува рекорди. Иако имаа малку подолга пауза, сега изгледа дека се враќаат посилни од било кога. Пред неколку дена го објавија видеото за песната „How You Like That“ и се запишаа во Гинисовата книга на светски рекорди. И тоа не поради еден соборен рекорд, туку поради три. Сите рекорди ги соборија со истото видео.


Во само првиот ден по објавувањето, видеото собра 86.3 милиони прегледи, што му загарантира неколку титули. Па така стана музичко видео на Јутјуб кое во првите 24 часа собра најмногу преглед, но и општо видео кое во еден ден собрало најмногу преглед. Покрај овие две титули, ова е К - поп музичко видео кој има најмногу прегледи во првиот ден. Пред нив, сите три рекорди им припаѓаа на БТС и нивната музичка соработка со Хелси за „Boy With Luv“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: