Јутјуберката Ема Чембрлен повеќе не е русокоса: Се одлучи за драстична промена на фризурата (ФОТО)
Одлично ѝ стои, но сепак ќе ни недостасува нејзината руса коса...
Навикнати сме да ја гледаме Ема со руса коса. Иако на почетокот на кариерата имаше природна кафена коса, толку долго има руса коса, што многу нејзини обожаватели заборавија дека тоа не е нејзината природна боја на коса. Сега по долго време направи голема промена и ѝ стои супер.
Постојат девојки на кои подеднакво добро им стои секоја боја на коса која ќе ја испробаат, а ни изгледа дека и Ема може да биде една од тие девојки. Кога се прослави на Јутјуб имаше кафена коса, која е нејзината природна боја. Сепак, подоцна стана русокоса и многу долго ја носеше таква.
Толку долго што многумина заборавија дека тоа не ѝ е природната боја на коса. Одржувањето на русата коса не е воопшто лесно, особено ако твојата природна коса има потемна нијанса, а изгледа дека и на Ема ѝ здодеала русата и се одлучила за промена. Најпрво не ја препознавме кога нејзината фотографија ни се појави на Инстаграм. Ема сега е портокалова во косата.
Изгледа дека ова е идеална боја за есенскиот период. Иако ние чудно да ја видиме со оваа боја на коса, ќе треба некое време да се навикнеме дека тоа е таа, но нема сомнеж, добро ѝ стои. Обожавателите во коментари ѝ пишуваа дека се воодушевени. Некои велат дека навистина може да носи сѐ, а другите се само воодушевени и не можат да веруваат дека тоа навистина го направила.
фото: Принтскрин / Инстаграм