Каде е тајната ќерка на Путин? Откако беше осудена дека се фали со пари, исчезна од Инстаграм - сега се знае нејзината тајна локација

Каде е тајната ќерка на Путин? Откако беше осудена дека се фали со пари, исчезна од Инстаграм - сега се знае нејзината тајна локација

Објавена во: Живот // Живот

Откако го избриша профилот на Инстаграм, многумина се прашуваат каде е сега тајната ќерка на Путин...

Иако официјално Путин има само две ќерки - Марија и Јекатерина, кои ги добил во бракот со Људмила, странските медиуми пишуваа дека и со љубовницата, некогашната домашна помошничка Светлана Кривнохик добил ќерка по име Елизабета, која до скоро на социјалните мрежи се претставуваше како Луиза Розова.

Овие информации никогаш не беа потврдени, за време на откривањето Пандорините документи се дозна дека Светлана, која денес е сопственичка на една руска банка, поседува милиони долари и вредни недвижнини во Москва, Санкт Петербург и Сочи, кои е невозможно да си ги дозволи некој кој работел како чистачка цел живот. Се дозна и дека парите ги добила од самиот руски претседател, иако тоа од тимот на Путин остро го демантираа.

Меѓутоа, самата Елизабета го носи презимето Владимировна, по татко ѝ, а и многу си личат, иако на социјалните мрежи не може да се најдат многу фотографии од наследничката на Путин. Затоа на Инстаграм редовно се фалеше со луксузот, брендираните парчиња облека и животот на висока нога, но, кога започна војната во Украина, фалењето со парите ѝ преседна.

Имено, секоја нејзина објава луѓето ја опсипуваа со негативни коментари, а поради сето тоа, Луиза на крајот го избриша Инстаграм профилот.

„Седиш ли во бункер? Како глушец?“ - гласеше една од пораките која Луиза ја доби по започнувањето на војната. 

По исчезнувањето од Инстаграм еден месец воопшто не беше познато каде се наоѓа, сѐ до неодамна кога се откри дека се вратила во Санкт Петербург.

Имено, како што пренесува „Мирор“, вредноста на палатата пред неодамнешниот пад поради руската инвазија и санкција била околу 1.7 милиони фунти. Пространата вила од 1.312 метри квадратни, која ја има изградено германската компанија „Engel & Voelkers“ се наоѓа во елитниот дел од градот, а е уредена во арт деко стил.

За волја на вистината, кој знае колку долго локацијата на тајната ќерка на Путин ќе останеше тајна доколку тинејџерката не нарачаше храна, ако Олег Јемељанов - поврзан со затворениот опозициски лидер Алексеј Навални - не ги анализираше хакираните записи на „Yandex Food“ кои станаа јавно достапни. Тие покажуваат непознат стан поврзан со Кривнохик на насипот Фонтанка број 76, рече тој.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: