Каде исчезна гламурот: Како изгледаат Меган и Хари кога мислат дека никој не ги гледа?
Меган и Хари започнаа нов живот во Калифорнија, а новите фотографии од нивната прошетка во Беверли Хилс воодушеви многумина...
Откако призна дека имала спонтан абортус, Меган Маркл повторно се повлече од јавноста. Со Хари живеат скромен живот во Калифорнија, а љубопитните минувачи и обожаватели често немаат често можност да ги видат во опуштено издание.
Честото експонирање не е тоа што ги интересира, па нивниот неодамнешен изглед ја заинтригира јавноста. Пред неколку дена беа видени за време на релаксирана прошетка низ улиците на Калифорнија, далеку од гламурот и кралските протоколи.
Меган Маркл која знае како да заблеска на црвениот тепих, повторно го привлече вниманието и во оваа лежерна комбинација. За прошетка со сопругот Хари, таа одбра трендовски капут кој не излегува од мода со децении. Кожните чизми се исто така одличен избор за удобност, додека поранешниот војвода овојпат беше малку полесно облечен.
Неизоставен дел од нивната облека беа заштитни маски, совршено искомбинирани со други парчиња облека. Покрај убавиот изглед, тие покажаа и голема одговорност кон заедницата.
Фото: guliver/getty