Каде исчезна Стефан Живојиновиќ? Лепа Брена ги откри убавите вести за својот постар син

Каде исчезна Стефан Живојиновиќ? Лепа Брена ги откри убавите вести за својот постар син

Објавена во: Живот // Живот

Откако со голем успех ја започна музичката кариера, младиот пејач Стефан Живојиновиќ, инаку син на регионалната музичка легенда Лепа Брена и познатиот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ, соопшти дека се повлекува. Од тогаш поминаа скоро две години, а Стефан воопшто го нема во јавноста.

Стефан Живојиновиќ одлучи да тргне по стапките на мајка си и да се проба како пејач и веднаш го привлече вниманието на публиката и забележа успешни настапи, но многу брзо реши да се повлече до сцената.

„Донесов одлука и сметам дека е вистинска. Некои други деловни амбинции ме поттикнаа, нешто би сакал да го работам, но за тоа потоа, тоа ќе го споделам понатаму. Многу го сакам пеењето и сметам дека тоа го работевме многу добро и секогаш дававме 200 проценти од себе, но дојде и тој период во главата, само решив дека треба да се занимавам со некои други рбаоти. Кариерата беше убава, кратка, но слатка“ - соопшти тогаш Стефан.

Тој тогаш истакна и дека се повлекува од јавната сцена, односно дека не сака за него да се изнесуваат било какви информации.

„Би сакал да ја известам јавноста дека решив да се повлечам од јавната сцена и од јавниот живот. Претходните години медиумите во Србија објавуваа бројни текстови за кои не сакав да започнувам судски постапки, иако многу од нив содржеа невистинити информации кои сега ги демантирам. Ги молам сите медиуми да ја почитуваат мојата одлука за повлекувањето од јавноста и да во иднина да се воздржат од било какви информации за мене, а особено оние кои се однесуваат на мојата приватност“ - напомена.

Од тогаш помина една и пол година, а постариот син на Лепа Брена немавме можност да го гледаме на настаните во српската престолнина. Само неколку папараци успеваа да го фотографираат од далеку, а како што истакнува неговата мајка, тој се пронашол во она што најмногу му годи, за Брена е многу среќна.

„Стефан е среќен и задоволен, јас како родител сум многу среќна што се пронајде себе во нешто друго и тој со тоа ќе ѝ се претстави на јавноста следната година, но важно е да го работи она што го сака“ - вели музичката дива.

Таа се осврна и на натписите дека Стефан не е во добри односи со остатокот од семејството, што нема врска со вистината.

„Ние со нашите деца сме во фантастични односи, во тоа немојте да се сомневате. Постојат членови на нашето семејство кои се експонираат, тоа сме Александра и јас, а останатите тоа не го сакаат. Стефан доаѓа, се гледаме, подготвува една нова работа“ - исткана Лепа Брена.

фото: Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: