Каде се денес и што прават децата на Зоран Ѓинѓиќ: Кога почина татко им беа мали - Јована сега има 32 години, а Лука 29

Каде се денес и што прават децата на Зоран Ѓинѓиќ: Кога почина татко им беа мали - Јована сега има 32 години, а Лука 29

Објавена во: Совети // Семејство

Кога почина Зоран Ѓинѓиќ, зад себе остави две деца: Јована и Лука. Сега тие се возрасни кои достоинствено чекорат по нивниот пат

Јована Ѓинѓиќ, ќерката на Зоран Ѓинѓиќ, денес има триесет и две години и е успешна млада жена. Иако го изгубила својот татко како 13-годишно девојче, со сета љубов и поддршка на нејзината мајка Ружица, таа пораснала и тргнала по вистинскиот пат, исто како и нејзиниот брат Лука.

Уште од мала се забележува дека Јована личи на нејзината мајка, па многумина велат дека таа е наследничка на раскошната убавица, Ружица Ѓинѓиќ која плени и денес. Говорните вештини и политичките афинитети ги наследила од татко ѝ, а денес е вработена во Владата на Србија.


Јована дипломирала комуникациски науки во 2013 година, а потоа магистрирала во Лондон. Од 2016 година е практикант во Тимот за социјална инклузија и намалување на сиромаштијата, а од јуни 2017 година Јована Ѓинѓиќ е координатор за родова еднаквост и човекови права.

Уште од мали нозе нивните животи биле обележани со политичката кариера на нивниот татко. Тригодишниот Лука беше еден од хероите на познатите студентски демонстрации во зимата 1996/1997 година. Неговата слика на рамената на татко му на чело на демонстрантите пред кои беше поставен транспарент „Белград е светот“ - ја обиколи нашата планета.


Сега знаеме дека Лука дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, а неговите колеги и професори велат дека е секогаш насмеан и љубезен. Се шпекулираше дека има политички афинитети, и дека може да се најде во улога на пратеник, но тоа се‘ уште не се случи.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Youtube - screenshoot - RUDAR 7

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: