Каде се и со што се занимаваат децата на Зоран Ѓинѓиќ: Нивните солзи на погребот на татко им, Балканот ги памети и денес
Зоран Ѓинѓиќ зад себе остави две деца - ќерката Јована и синот Лука. Тие денес се успешни луѓе кои тргнаа по стапките на нивниот татко.
По смртта на Зоран Ѓинѓиќ зад него остана неговото неутешно семејството. Со сопругата Ружица Ѓинѓиќ доби две деца чии солзи на неговиот погреб, Балканот ги памети и денес.
Ќерката Јована денес има 32 години и работи во Владата на Србија, додека Лука има 29 години, а дипломираше на Факултетот за политички науки.
Јована во 2013 година дипломираше Комуникологија, а потоа матер студии заврши во Лондон. Од 2016 година стажираше во Тимот за социјално вклучување и намалување на сиромаштијата, а од јуни 2017 година, Јована Ѓинѓиќ е координатор за родовата рамноправност и човекови права.
За Лука се зборуваше дека има политички афинитети и дека би можел да се најде во улогата на пратеник, меѓутоа до тоа уште не дошло.
Од раното детство животот на Јована и Лука е одбележан со политичката кариера на нивниот татко. Лука уште како 3-годишно момче се прослави за време на демострациите во зимата 1996 и 1997 година. Неговата фотографија на која е сместен на рамената на татко му на чело на демонстрантите под кои беше поставен транспарент „Белград е свет“ ја заобиколи планетата.
Зоран и Ружица се венчаа во 1990 година и станаа родители на Јована, а потоа во 1993 година го добија второто дете, синот Лука.
„Останавме засекогаш сами, ние тројца, а сите тие пријатели се разбегаа, и во иднина ни приоѓаа само како нејасни сенки, во меѓувреме и сами станувајќи јавни медиумски појави. Со веста за неговата смрт и тие конечно станаа некој и нешто. Колку тие стануваа поважни и поважни, мојата тага и болка во иста мера растеа. А, јас на децата морав да им објаснам важноста на нашиот крај“ - кажа Ружица по смртта на Зоран.
Инаку, во моментот на убиството на Зоран, Јована имала 13, а Лука 10 години.
фото: Принтскрин / Јутјуб