Каде се сместија Карлеуша и нејзините ќерки по пеколниот ден и евакуацијата поради пожарот?
Пожарот е под контрола, но огнот не е потполно згаснат...
Пејачката Јелена Карлеуша со своите деца, ќерките Атина и Ника, беше итно евакуирана во текот на вчерашниот денот, 29 јули, поради пожар во Турција.
Јелена со наследничките е на одмор во Бодрум, каде доживеа вистинска драма поради огнената стихија што ја зафати шумата покрај луксузниот холте каде престојуваше пејачката. Туристите, вклучително и Јелена и нејзините ќерки, беа евакуирани со чамци уште дента, а сега пејачката покажа каде се наоѓаат по пеколниот ден.
Вечерта, гостите беа вратени во хотелот, меѓу нив и Јелена и нејзините ќерки. Пожарот е под контрола, како што напиша Јелена, но огнанот не бил целосно изгаснат.
„Ова беше многу стресен и напорен ден. Целото лудило траеше премногу долго. Децата беа многу исплашени. Конечно пожарот е под контрола, иако не е сѐ изгаснато, се надевам дека ноќта ќе биде мирна. Мојата поддршка и љубов кон турските пожарникари“ - рече пејачката.