Кафе-дружба и промоција на „Инспирирај се за промени“ од Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ
На 10 мај (вторник), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ ќе се одржи кафе-дружба и промоција на книгата „Инспирирај се за промени“, со авторите Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ.
Книгата „Инспирирај се за промени“, која е во издание на „Попули“, е охрабрувачко четиво за сите што се соочуваат со навидум несовладливите предизвици на современото живеење.
Изданието на магичен и уникатен начин го отвора патот на читателот, носи светлина во животот и инспирира за промени. Наменето е за сите што се чувствуваат како да се „заглавени“ во некој тунел, но и за оние што се надвор од тунелот, а едноставно сакаат подобро утре. Оваа книга им помогна на многумина на својот пат на лична трансформација, книга што ќе ја пополни празнината што можеби ја чувствувате и ќе го надополни делот што на многумина им недостига за да бидат комплетни и свои.
Посетителите на настанот ќе имаат можност да си набават примерок со потпис од авторите и интерактивно и одблизу да се запознаат со Костова и Лапчевиќ, кои ќе го споделат своето животно искуство и знаење.
Радмила Костова-Мила е авторка на текстови за личен развој на социјалните мрежи и тренер за личен развој. Покрај книгата „Инспирирај се за промени“, ја има објавена и книгата за деца „Биди среќна ѕвездичка“.
Книгата „Инспирирај се за промени“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн преку www.literatura.mk
* ПР - објава