Кај Иванка сѐ блеска од богатство и луксуз: Наследничката на Трамп живее во вила од 24 милиони евра
Флорида дефинитивно е едно од омилените места на светот на семејството Трамп. Поранешниот американски претседател поседува приватна Бела Куќа на Фролирада, луксузниот имот „Mar-a-Lago“, кој ниту тој, а ни Меланија не го напуштаат уште од крајот на јануари, кога им истече мандатот.
Навистина, дали и вие имате чуство дека откако си заминаа од Вашингтон, како да пропаднаа во земја? Просто, да не е најстарата ќерка на Доналд, Иванка, се сомневаме дека би имале идеја што се случува со нив.
Откако го напушти Вашингтон, 39-годишната Иванка Трамп и нејзиниот една година постар сопруг, Џеред Кушнер со своите три деца, 9-годишната Арабела, 7-годишниот Џозеф и 4-годишниот Теодор се преселија во Мајами.
Главната причина за тоа е тоа што општествената сцена апсолутно ги напушти, а со ладното „добредојде“ не можеа да се борат по животот во Вашингтон.
Сепак, двојката купи неизградена парцела, а нивниот дом конечно е готов. Станува збор за вила вредна 24 милиони долари, која се протега на 8.500 квадратни метри, со 6 спални соби, 8 бањи, раскошно двојно скалило, тавани со високи куполи и теретана, додека пред куќата имаат огромна градина и базен.
Може да се забележи дека Иванка со своето семејство сака да ужива, со оглед на тоа што воопшто не штедеа на отворениот простор за забава, огромниот базен и неодоливиот поглед од секој агол на куќата.
Познато е дека Иванка е миленичка на татко ѝ. Доланд ја смета за неверојатно способна и интелигентна, а тие се толку блиски што медиумите нивниот однос го нарекоа изопачен.
Иванка голема поддршка добива и од сопственото семејство и стабилниот брак со Џеред, припадник на моќно семејство од Њујорк.
фото: Profimedia