Кајли Џенер изненади со фризура која или ја сакаш или мразиш: Што мислиш ти?
Нов Инстаграм профил - нова фризура! Кајли не престанува со изненадувањата!
Промената на фризурата кај Кајли Џенер не е никаква новина. Во последните неколку години таа имаше и кратка и долга коса, и платинесто руса и розова и сина. Но, во вакво издание Кајли ја немаме видено.
Кајли Џенер отвори нов Инстаграм профил - Kylie Cosmetics каде сподели фотографија, а еден детаљ на сите им падна во око. Имено, таа позира на розова позади во сјајни „мечинг“ хеланки и топче.
Освен атрактивната комбинација, големо внимание привлеч еи долгата рамна коса со асиметрични шишки на Кајли. Во некои од коментирате пишува дека Кајли неодоливо потсетува на својата мајка Крис Џенер во младите денови. Ја забележуваш ли и ти сличноста?