Кајли Џенер ја отвори вратата на луксузниот гардеробер со мултимилионски чевли и чанти (ФОТО)
Најмладата членка на кланот Кардашијан, Кајли Џенер, ја отвори вратата на walk-in плакарот во својот дом во Лос Анџелес и обожавателките ги остави без здив. Успешната сопственичка на козметички бренд и реалити ѕвезда само за својата колекција чанти поседува огромна гардероба преполна со дизајнерски модели.
Откако со раперот Травис Скот доби дете, девојчето Сторми Вебстер, Кајли му се посвети на мајчинството, поради што поголем дел од времето го поминува дома.
Славната реалити ѕвезда, која од мали нозе гаи љубов кон модата и шминката, со години го изгради завидливиот козметички бренд Kylie Cosmetics. Иако не се одлучи да отвори продавница за облека и модни додатоци како старите полусестри, тоа не значи дека Кајли нема смисла за добар вкус кога е во прашање модата.
Ве оставаме да уживате и да му се восхитувате на овој гардеробер полн чанти и чевли.