Кајли Џенер ја вклопи облеката со приватниот авион од 72 милиони долари: Насекаде се нејзините иницијали
Авионот се вика „Kylie Air“, насекаде има персонализирани детали, па дури и на салфетките ги има нејзините иницијали...
Најмладата милијардерка на светот, Кајли Џенер, позираше во приватниот авион вреден 72 милиони долари, а деталите од ова луксузно превозно средство го привлекоа вниманието на јавноста.
Кајли дури и облеката ја искомбинира со белите седишта во авионот на кои со темна боја ги има нејзините иницијали „K.J.“. Авионот се вика „Kylie Air“, насекаде има персонализирани детали, па дури и на салфетките ги има нејзините иницијали.
Но, Кајли не би била Кајли доколку не го покажеше и своето тело во белиот плетен комбинезон над кој носеше сако во иста боја. Таа го имаше откопчано сакото и своето бујно тело го стави во прв план.
„Тоа е бизнис“ - напиша Кајли во описот на фотографијата.