Кајли Џенер најави моден бренд за деца: Заштитно лице ќе биде нејзината 3 - годишна ќерка

Кајли Џенер најави моден бренд за деца: Заштитно лице ќе биде нејзината 3 - годишна ќерка

Објавена во: Мода // Moj стил

Се претпоставува дека станува збор за козметички производи за бебиња...

Американската ријалити ѕвезда Кајли Џенер суптилно најави дека креирала бренд за бебиња. Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија од нејзината ќеркичка Сторми додека се капе и го обележи називот на брендот „Kylie baby“.

Инстаграм веќе го сертифицираше профилот, иако на него нема ниту една објава, а дури нема ни профилна фотографија, но од моментот на објавувањето на текстот „собра“ повеќе од 480.000.

„Капење со (брендот) Kylie baby“ - напиша Џенер.


Засега уште не е познато за каков бренд станува збор, но се претпоставува дека во прашање се козметички производи за бебиња, како масла, лосиони, гелови за туширање, но и пелени, шишиња и облека за деца.

Кајли Џенер веќе ја има линија „Kylie Skin“ во ции граници продава миризливи купки и сол за капење, што можеби е само вовед за козметиката за бебиња, чии заштитно лице ќе биде нејзината ќерка.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: