Кајли Џенер наутро: Зошто изгледа како пчели да ја касале?
Кајли Џенер на својот Инстаграм профил објави утрински кадри, на кои е видно отечена и без грам шминка. Исто така, нејзината коса е бушава и таа позира во наметка.
Потоа таа се нашминкала и ја средила косата, па ги споредила кадрите пред и по средувањето. Доби комплименти на сметка на нејзиниот изглед без шминка, но и бројни беа коментарите во кои и се замерува дека има премногу ботокс и вишок килограми.
Имено, како што многумина коментираат, кајли доби неколку килограми, што се гледа на нејзиното тело, но и на нејзиното лице, поради што обожавателите ја критикуваат. Таа се најде на мета на негативните коментари, бидејќи некои нејзини следбеници сметаат дека претерала со ботокосот и поради тоа изгледа „како плечи да ја касале“.
Инаку Кајли пред неколку дена, го прослави 23 роденден.