Кајли Џенер падна од тронот на Инстаграм: Кој ја претрка?

Кајли Џенер падна од тронот на Инстаграм: Кој ја претрка?

Објавена во: Мода // In and Out

Кајли Џенер повеќе не е најплатената ѕвезда на Инстаграм! Иако сè уште заработува огромни пари, изненадувачки беше претркана од актерот Двејн „The Rock“ Џонсон. Имено, тој за секоја своја платена објава на оваа социјална мрежа, добива милион долари!

Според „Фокс њуз“, ова е првпат некој од семејството Кардашијан и Џенер да не е на прво место од 2017 година, откако е направен овој список. На новите списоци, колку sвездите заработуваат вкупно во текот на една година на Инстаграм, а не по една објава, Кајли Џенер беше на осмото место.
Сега станува збор за заработка по објава.

Патем, сите познати заработуваат помалку пари оваа година, што е логично затоа што компаниите имаат помалку средства за рекламирање заради коронавирусот. Според статистичките податоци, на прво место е Двејн Џонсон (190 милиони следбеници), кој заработува 1,015 милиони долари од секоја платена објава, а Кајли (186 милиони следбеници) не е далеку, на второто место со 986.000 американски долари. Вака изгледа остатокот од првите 10 ѕвезди по заработка од објава:

#Кристијано Роналдо (224,8 милиони следбеници и 889.000 долари по објава)

#Ким Кардашијан (175,5 милиони следбеници и 858.000 долари по објава)

#Ариана Гранде (191,1 милиони следбеници и 853.000 долари по објава)

#Селена Гомез (180,3 милиони следбеници и 848.000 долари по објава)

#Бијонсе Ноулс (148,7 милиони следбеници и 770,000 американски долари по објава)

#Џастин Бибер (139,3 милиони следбеници и 747.000 долари по објава)

#Тејлор Свифт (135 милиони следбеници и 722,000 американски долари по објава)

#Нејмар да Силва Сантос Јуниор (139,3 милиони долари следбеници и 704.000 долари по објава)

Овие податоци можат да се сметаат за сигурни, затоа што ги прави аналитичката агенција „Хопер“ врз основа на нејзините внатрешни информации, податоци од рекламни агенции и јавно достапни информации. Иако можеби не е пресметано до цент, овој список сепак дава реална слика за тековниот биланс на моќ. Зошто маркетинг-агенциите претпочитаат ловци на Кајли, Аријана, Селена или Кристијано Роналдо, сепак е прашање на кое не е лесно да се одговори!

извор: Famoza.net

Може да ве интересира:Топ листа на најплатени познати личности: Која од нив заработи најмногу оваа година?

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: