Кајли Џенер покажа како изгледа на возачката дозвола: Обожавателите се сложија дека тоа е најдобрата фотографија што ја виделе

Кајли Џенер покажа како изгледа на возачката дозвола: Обожавателите се сложија дека тоа е најдобрата фотографија што ја виделе

Објавена во: Мода // Moj стил

Како може некој да изгледа толку добро на фотографија за некој документ?

Општо е познат фактот дела на фотографиите за лична идентификација никој не изгледа добро. Секогаш нешто се случува поради што сите ги мразиме своите фотографии на личната карта, возачката дозвола или било кој друг документ. Но, не и Кајли Џенер, таа изгледа совршено.

Не знаеме што точно се случува за на овие фотографии поголемиот дел од нас да изгледаат како компир, но нешто се случува. Љубоморни сме на оние кои на возачката дозвола, личната карта или пак пасошот изгледаат толку добро што со задоволство би им ја покажале таа фотографија на другите луѓе. Едвај го чекаме следното фотографирање за некој документ, бидејќи неодамна една девојка откри како можеме да си помогнеме и како правилно да се нашминкаме и на ваквите фотографии да изгледа подобро од било кога.

Не знаеме дали Кајли ги слушнала советите на оваа девојка, но таа на својата возачка дозвола изгледа совршено и сите се согласуваат околу тоа. На никој не му е јасно како е можно, но Кајли победи во ова натпреварување.

Толку е задоволна со својата фотографија на возачката дозвола што ја сподели на Инстаграм. Не требаше да помине долго време за сите да се воодушеват, бидејќи никој не изгледа волку добро на некој документ. 

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: