Кајли Џенер претера со украсувањето: Ограда полна со сијалички, но што е со остатокот од луксузната вила?

Кајли Џенер претера со украсувањето: Ограда полна со сијалички, но што е со остатокот од луксузната вила?

Објавена во: Совети // Семејство

Светските ѕвезди ги искористија претстојните празници за да се натпреваруваат во тоа кој поубаво ќе ја украси својата раскошна вила, а некои дури и претераа во украсување.

Кајли Џенер, познатата ријалити ѕвезда која е најпозна по својот бренд за шминка живее во вила во квартот Холмби Хилс во Лос Анџелес која се проценува на 35 милиони долари, а се наоѓа во близина на нејзината сестра Ким, но и Кортни, Клои, како и братот Роб и мајката Крис.

Кајли одлучи малку пораскошно да го украси својот имот, па така кај неа има еден куп жолти сијалички на живата ограда, дрвјата и куќата. Скоро цела нејзина куќа свети и додека некои се воодушевуваат од декорацијата, поединци сметаат дека сепак има малку повеќе сијалички.

Таа неодамна на својот Инстаграм профил покажа и како ја има украсено новогодишната елка, која е висока скоро до таванот и е исто така преполна со сијалички во жолта боја. Меѓутоа, нема сомнеж дека нејзините следбеници на Инстаграм се воодушевени со празничната декорација, со оглед на тоа што нејзината елка на Инстаграм има над 5 милиони лајкови.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: