Кајли Џенер се пофали со подарокот кој го доби од Џенифер Лопез: Има и посвета
Пејачката на манекенката ѝ испрати парфем, а таа со следбениците сподели и каква порака добила од Џеј Ло...
Пејачката и дизајнерка Џенифер Лопез на манекенката Кајли Џенер ѝ подари едне од парфемите од својата колекција, а познатата ријалити ѕвезда не можеше да одолее и да не им се пофали на обожавателите за изненадувањето кое ѝ го приредила Џеј Ло.
Џенифер заедно со парфемот напишала и посвета за младата менекенка, а целиот подарок го спакувала во оригиналното пакување на парфемот и на сето тоа го додала името намладата ѕвезда.
„Се надевам дека кога ќе го носиш мојот парфем „Promise“, сети се на ветувањата кои си ги дала на себе. Со љубов Џенифер Лопез“ - стои во пораката.
Дали ова е знак дека двете дами ќе ги здружат силите и идеите и ќе оставарат соработка, останува да дознаеме во следниот период.
Инаку, Џенифер својата империја за парфеми започна да ја гради уште во 2002 година, а од тогаш претстави голем број на мирисни ноти, а една од најзапазените е токму „Promise“, кој го презентираше на пазарот во 2019 година.