Кајли има ново преслатко куче: Сите останаа збунети од невообичаено име кое го доби миленичето
Кајли ги обожува животните, а има навистина многу домашни миленичиња што е тешко да се следат сите...
И сега, има ново. Ова е симпатичното кутре што вчера им го претстави на сите на својот Инстаграм профил. Името на миленичето е она што малку ги изненади обожавателите, затоа што не е баш типично животинско име.
Кога имате огромна куќа како Кајли и цел тим на луѓе кои работат за вас, лесно е да имате и еден куп домашни миленици, бидејќи знаете дека нема да мора самите да се грижите за нив. Познато е дека Кајли минатата година имала дури 8 кучиња, а сега додаде уште едно. За кој било друг, сево ова би било многу тешко да се организира, но не и за Кајли. Претходно, Кајли ги споделуваше своите кученца на Snapchat цело време, но сега, за жал, повеќе не го прави тоа често. Сепак, вчера ја искористи можноста да ги запознае своите следбеници со новото бебе на семејството Џенер - Кевин.
Името не е многу типично за куче, но во секој случај таквите имиња се поинтересни. Во едно видео пред неколку години, Кајли го испрашуваше Тревис за тоа колку добро ја познава, а едно од прашањата беше да ги наведе имињата на сите нејзини миленици - и тој тогаш беше изгубен, а таа немаше колку што има сега. Покрај најновиот член на семејството, Кевин, Кајли сè уште ги има кучињата од пред 6 години, Норман и Бамби. Заедно со нив, минатата година таа го зголеми бројот на кучиња за уште шест, а тоа се: Софија, Оди, Ерни, Пени, Харли и Роузи. Имињата се одлични за инспирација ако и вие добиете домашно милениче и не ви паѓа на ум ниту едно добро име.