Кајли откри кој ќе ја наследи нејзината компанија: Во чии раце еден ден ќе заврши „Kylie Cosmetics“?

Кајли откри кој ќе ја наследи нејзината компанија: Во чии раце еден ден ќе заврши „Kylie Cosmetics“?

Објавена во: Совети // Семејство

Доколку посака ќе може да биде биде наследник...

Сторми Вебстер може да го преземе козметичкото царство на Кајли Џенер кога ќе порасне, секако доколку го сака тоа.

Во интервју за магазинот „TMRW“, Џенер зборуваше за животот на мајка, објаснувајќи дека се надевам дека еден ден својот бренд „Kylie Cosmetics“ ќе го пренесе на својата сега тригодишна ќерка. Компанијата ја лансираше во 2015 година со три сетови од кармини.

„Сторми е мојата наследничка. Ја одгледувам да биде паметна и љубезна. Можеби еден ден ќе го преземе „Kylie Cosmetics“, секако доколку сака“ - рече Кајли за магазинот.

Тоа што станав мајка за мене беше најголема промена“ - додаде таа. „Толку пораснав како личност и продолжувам да растам секој ден. Сакам да учам и да се трудам да бидат подобра личност“.

Младата претприемачка, која Сторми ја одгледува со раперот Тревис Скот, кажа дека пример во мајчинството и е нејзината мајка Крис Џенер и нејзините сестри.

„Растев гледајќи како мојата мајка се носи со мајчинството и работата - таа е најуспешната жена која ја знам“ - вели таа. „Мојата мајка навистина не воспита добро и јас сакам тоа да ѝ го пренесам на Сторми, да биде силна и независна“.



Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: