Како да бидете победници во Монопол: Професионалните играчи ги откриваат своите стратегии
Не постои универзален магичен трик кој гарантира победа, во Монополот се е во стратегијата. Треба да се знае кои полиња да се купуваат, кои не се толку важни и слични ситници. За победата да биде секогаш твоја, тајната е во правилната стратегија и гаранцијата за поголемите шанси за победа. Постојат неколку важни стратегии кои можеш да ги комбинираш и да ги зголемиш своите шанси. Професионалните играчи Флин Зајгер и Дар Меркенс открија за Reader's Digest неколку трикови кои и тебе ќе ти помогнат да бидеш најбогат и најдобар.
# Купувај, купувај, купувај
За овој трик се знае - треба да се купува што повеќе се може. Дали овој трик е навистина ефикасен? Овие двајца играчи тврдат дека е. Нивниот совет е од самиот почеток на играта да купуваш што повеќе полиња. За разлика од вистинскиот живот, во Монополот не е добра идеја да штедиш, бидејќи нема да добиеш ништо со штедењето на пари, додека купувањето на полињата ќе вроди профит.
# Фокусирајте се на портокаловите полиња (и нивните соседни полиња)
Иако е добро да купувате што е можно повеќе полиња, овие двајца експерти се сложуваат дека треба посебно да се фокусирате на полињата кои се со портокалова боја. Позади овој трик стојат многу комплицирани стратегии, вклучувајќи и веројатноста за стоење на портокаловите полиња. Играчите откриле дека статистички гледано, местата на кои најмногу се стои се оние помеѓу „затворот“ и „Паркингот“, како и оние помеѓу „Паркингот“ и „Оди во затвор“.
# Купувај куќи, не хотели
Градењето може да има големо влијание во играта. Еден од советите кои овие професионални играчи ги истакнуваат е дека во играта постојат 32 куќи. Кога тие 32 куќи ќе се продадат, никој повеќе не може да гради куќи. Затоа треба да се почнете со градење на куќи, бидејќи залихата може порано да се потроши. Дури и доколку немаш пари, треба да праивш се што можеш, да позајмуваш, да ставаш работи под хипотека, се за на полињата да имаш по најмалку три куќи.