Како да добиете син знак на Инстаграм: Трик кој ќе направи да се чувствувате како позната личност?
Следете ги овие неколку едноставни чекори за и вие да можете да имате сино знакче независно од бројот на пријатели.
Сите корисници на Инстаграм знаат дека на социјалните мрежи постои одредена хиерхија - оние профили кои имаат сино знакче се потврдени профили и тоа обично го имаат професионалните спортисти, актери, пеачи и останати важни личности и корпорации.
Но, знаевте ли дека и вие можете да добиете ваков знак за многу краток период? Следете ги овие неколку чекори и чувствувајте се како позната личност.
# Логирајте се на Инстаграм преку компјутер или лаптоп.
# Одете на профилот на било која позната личност за која знаете дека има син знак, а потоа со десен клик на знакот стиснете ја опцита Inspect. Ќе ви се појави прозорче во кое ќе го копирате текстот (опција Copy element) кој е означена со сина боја. Во тој текст би требало да го пишува и зборот потврдено или verified.
# Кога го завршивте тоа, вратете се на сопствениот профил и со десен клик на сопственото корисничко име кликнете ја опцијата Inspect. Повторно ќе ви се појави прозорецот во кој ќе има ист таков текст во сина боја. На тој текст со десен клик стиснете на опцијата Edit as HTML.
# Залепете го текстот кој го копиравте во претходниот чекор.
# Затворете го прозорчето со текстот и уживајте во својот статус на ѕвезда.
За жал тој син знак кој се потрудивте да го добиете е само привремен, но веруваме дека за момент ќе успеете да ги збуните пријателите. Видеото со упатството како да го лажирате синиот знак може да го видите овде:
@yenfahd How to get “Verified” on insta, cuz im bored ##foryoupage ##thailand ##fyp ##xyzbca ##zyxcba ##verified