Како да ги носите најобичните црни хеланки на разнични начини: 9 комбинации од кои може да се инспирирате (ВИДЕО)

Како да ги носите најобичните црни хеланки на разнични начини: 9 комбинации од кои може да се инспирирате (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Ниту едно парче облека не е здодевно...

„Обичните“ парчиња облека треба да ги имаш во плакарот. Иако изгледаат здодевно, токму тие се оние кои најчесто ќе бидат фокус во модните комбинации. Ако имаш 100 парчиња облека, а секое е во свој стил, тешко дека ќе можеш од нив да составиш многу комбинации и секогаш ќе се жалиш дека немаш што да носиш.

Црни хеланки, обични црни фармерки, бела маица, црна маица... тоа се парчиња облека кои ти се потребни за да можеш да составиш што е можно повеќе модни комбинации. Основните парчиња со причина се викаат „основни“. Тие ќе бидат темел на комбинациите и околу нив ќе можеш да ги додаваш остантите парчиња облека и да правиш различни комбинации. Црните хеланки, оние малку подебелите и кои не се проѕирни, може да бидат во центарот на двојата комбинација.

Затоа што се толку обични и едноставни, може да се носат на се и сешто. Со нив освен што можеш секој ден во неделата да имаш различна комбинација, можеш да имаш и многу повеќе. Една ТикТокерка тоа го докажа. Со најобични црни хеланки состави дури 9 модни комбинации, кои се сосема различни, а еве и како:

@kat.goldd

HOW TO STYLE LEGGINGS 9 FCKIN WAYS THIS FALL

original sound - katgold

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: