Како да ги префрлите старите пораки од Вибер на новиот телефон?
Никогаш не било полесно!
Вибер е една од најактивните апликации преку која повеќе од 20 милиони луѓе разменуваат пораки, фотографии и други податоци. Прочитајте подолу како да ги зачувате вашите податоци при промена на телефони, без разлика дали станува збор за платформата Android или Apple.
Мора да имате личен профил на Google кога пренесувате податоци од Вибер на вашиот нов телефон со Android. Ако го немате, ќе треба да ја направите пред да започнете.
Направете резервна копија на стариот телефон:
1. Стартувајте го Виберот на вашиот мобилен телефон.
2. Допрете ја иконата „Повеќе“ во долниот десен агол.
3. Кликнете на „Поставки“.
4. Изберете „Профил“.
5. Потоа, од листата што се појавува на вашиот екран, допрете ја опцијата „Резервна копија на Вибер“.
6. Изберете го профилот на Google Drive на која треба да направите резервна копија, а потоа кликнете на „Резервна копија“.
7. Почекајте да заврши бекапот.
Враќање на резервната копија на новиот телефон
Чекорите за враќање на профилот на новиот телефон се многу слични на чекорите за создавање резервна копија што ги опишавме погоре:
1. Стартувајте ја апликацијата Viber на вашиот нов телефон.
2. Допрете ја иконата „Повеќе“ во долниот десен агол.
3. Кликнете на „Поставки“.
4. Изберете „Профил".
5. Потоа, од листата што се појавува на вашиот екран, изберете ја „Резервна копија на Вибер“.
6. Изберете ја сметката на Google Drive на која треба да направите резервна копија, а потоа кликнете на „Врати“.
7. На екранот ќе ви се појави прашање дали сакате да ја вратите историјата на разговор. Изберете го копчето „Врати веднаш".
8. Почекајте да се заврши враќањето на резервната копија.
Како да ги префрлите пораките од Вибер на новиот iPhone?
За да ги префрлите вашите пораки на новиот iPhone, прво ви треба профил на iCloud. Сите ваши податоци ќе бидат зачувани на вашиот профил на iCloud, а потоа ќе ги вратите на новиот iPhone. За да го направите ова, сè што треба да направите е да ги следите чекорите подолу:
1. Отворете го Виберот.
2. Допрете ја иконата „Повеќе“ во долниот десен агол.
3. Ќе ви бидат прикажани неколку опции, изберете „Viber Backup".
4. После тоа, кликнете на „Backup Now“ за да започне процесот на резервна копија.
5. Вибер ќе се поврзе со вашиот профил на iCloud и сите податоци од Вибер ќе бидат зачувани на вашиот iCloud профил.
6. Најавете се на iCloud на вашиот нов iPhone.
7. Стартувајте ја апликацијата Вибер на вашиот нов iPhone.
8. Вибер автоматски ќе ви понуди да ја вратите содржината. Кликнете на опцијата „Restore now“.