Како да ги сокриете мозолчињата без шминка? Со овој трик исчезнуваат за 5 минути
Магија!
Има денови кога акните ни го расипуваат цел план. Имаме некој важен настан тој идел, а кога, на целото лице ни се појавуваат големи, црвени, многу воочливи мозолчиња. Ако сакаш да изгледаш природно и да не ставаш еден тон коректор за да ги прекриеш ова е методот за сокривање на мозолчињата кој мора да го знаеш.
Ова е најдобриот и најефективниот начин за сокривање на мозолчињата што некогаш сме ги сретнале. Се однесува на возпалените црвени мозоччиња кои се толку изразени на лицето што дури и да се решиш да ги сокриеш со шминка, ќе ти бидат потребни неколку слоеви.
Но, една девојка сега ја откри својата тајна. Имено, таа со капки за очи ги крие мозолчињата. Дефинитивно е производ кој не би ни паднал на памет, особено не како нешто што би ни помогнало за да ги сокриеме мозолчињата.
@beautifoles Just like MAGIC! — #makeuptips #makeuphacks #thephoto #beautytips original sound - beautifoles
Само треба да ставиш една капка на прстот и да ја ставиш на мозолчето, а потоа чекаш 5 минути и готово. Магија! Мозолчето станува невидливо. Како што нагласува и девојката, ова помага кај црвенилата и штом исчезне црвенилото, тогаш ни мозолчето не изгледа толку лошо. Ова е добар старт и ако сакаш дополнително да го прекриеш со шминка, ќе ти биде многу полесно.