Како да им помогнете на децата да се прилагодат на носењето маски на училиште: Психолог со важни совети за родителите
Почетокот на новата учебна година и оваа година ќе ја одбележи носењето на маски и физичката дистанцва која учениците би требало да ја држат меѓусебе поради пандемијата на коронавирусот.
По летниот распуст на основците и средношколците ќе им биде тешко да се вратат на вообичаената рутина и поголемиот дел од денот да го поминуваат со маска на лицето.
Сепак, се вели дека ова правило ќе им претставува проблем на првоодделенците, на кои ова ќе им биде прва средба со училиштето и на кои разделбата од безгрижното детство им е прилично стресна.
Правилата кои децата мора да ги почитуваат во училниците, но и во училишните дворови се јасни, а тоа дека ќе мора да носат заштитни маски.
Како носењето маски влијае на децата и како да им се олесни почитувањето на ова правило и да им се направи тргнувањето на училиште помалку стресно, а повеќе пријатно за „Телеграф“ зборуваше психотерапевтот Ана Поповиќ.
„Носењето маски не е пријатно ни за возрасните, а особено не е за деца. Но, бидејќи поради пандемијата знаеме дека тоа е обврска и дека е потребна за да си го зачуваме здравјето, постојат неколку начини како таа обрвска да биде помалку непријатна за учениците“.
Таа вели дека е потребно на децата да им се пристапи низ игра и на тој начин маските да им се направат поинтересни.
„За учениците, првоодделенците пред сè, за кои тргнувањето на учелиште е голем настан, но и учениците од повисоките одделеденија да сфатат дека мораат повторно да носат маски, треба да им се пристапи низ игра и маската да им се приближи како нешто интересно“ - вели Поповиќ.
Психотерапевтот додава дека е неопходно родителите да зборуваат за тоа со своите деца, да ги подготват на ова, но и да зборуваат за сите други обврски што ги чекаат од утре.
„Сигурно ќе им биде полесно на постарите деца да носат маски, бидејќи тие веќе се навикнати и ги носеле порано. Можеби ќе им требаат неколку дена по празниците за да се вратат на вистинскиот пат. Тие веќе се свесни за потребата од носење маски за да се спречи инфекцијата, како што постојано нè потсетуваат епидемиолозите, па ако тоа го правеа дисциплинирано во претходните години, веројатно лесно ќе продолжат“ - наведува соговорничката на „Телеграф“.
Поповиќ вели дека, сепак, најголем фокус треба да се стави на најмладите ученици, кои ги чека големо приспособување.
„Препораката до родителите е изборот на маски да биде таков што ќе биде интересен, со некои цртани ликови, шарени, ако можете да набавите вакви маски, а не класични медицински, би било одлично. Ако се одлучите за обични маски, обидете се да ги направите поинтересни однадвор со, на пример, лепење на налепници“.
Таа посочува дека ставот на родителите и наставниците на училиште е клучен за тоа како помалите деца, но и децата воопшто, ќе ги прифатат маски.
„Ако пристапот биде - ставете ја таа маска, немојте да ја симнувајте, децата ќе ја доживеат како катастрофа. Ако детето ја симне маската, бидете нежни со него, не викајте, туку објаснете му зошто е важно да ја носи, внимавајќи да не го исплашите со вирусот, бидејќи тогаш детето ќе биде вознемирено и напнато, фокусирано на неговиот страв, а не на настаните во училницата и приказната на наставникот. Може да се случи и да почне да плаче и да дава отпор.“
фото: Shutterstock