Како да изберете и како правилно да поставите детско седиште во автомобил?

Како да изберете и како правилно да поставите детско седиште во автомобил?

Објавена во: После „Школо“ // PR

Користење на детско седиште во автомобил за превоз на деца на возраст до 5 години е законска, морална, етичка, возачка и пред се родителска обврска.  Иако постои тенденција на зголемена употреба на детски седишта во автомобилите, сепак, евидентен е фактот дека бројот на родители/возачи кои не користат детски седишта за превоз на деца до 5 години не е мал.

Со цел поголема употреба на детските седишта и поголема заштита на децата патници во сообраќајот,  РСБСП со корисни совети, информации и одговори за тоа како да изберете и како правилно да поставите детско седиште во автомобил:

1.За комплетна заштита на децата во сообраќајот особено е важно да се одбере соодветно седиште и истото правилно да се постави.  Детските седишта се поделени во неколку групи, во зависност од телесната тежина на детето. Имајте во предвид дека седиштето е направено во согласност со просечната висина и тежина за дете. За да може седиштето да го штити детето на вистинскиот начин, важно е  да одберете седиште кое одговара на конституцијата на вашето дете.

Во согласност со тежината на децата, детските седишта се поделени во неколку категории и  тоа: 

  -  0  за деца од раѓање до 10 килограми

  -  0+  за деца од раѓање до 13 килограми

  -  1  за деца од 9 до 18 килограми

  -  2  за деца од 15 дo 25 килограми

  -  3  за деца од 22 до 36 килограми (бустер - безбедносно седиште).

Постојат и комбинирани седишта кои покриваат повеќе групи истовремено.

2.Особено  важно е да се одбере седиште со ознака ECE R44, која означува дека се работи за производ кој е во согласност со строгите законски прописи и безбедносната регулатива и стандарди на Европската унија.  На седиштето, треба да има и ознака за извршено тестирање, како и информации за видот на седиштето, односно да биде наведено за кој тип на автомобил може да се користи.

3.Со секое седиште се добива упатство за користење со детални инструкции со цртежи за правилно монтирање и многу е важно да се придржувате до нив. Кога се монтира, посветете внимание поставеното седиште да не се движи лево или десно и да стои цврсто во место.

Прашањето што се наметнува е каде и како да се постави седиштето во автомобилот?

•  Седишта од групата 0:  Кога станува збор за седиште од група 0, важно е да се напомене дека иако законот дава можност седиштето да се постави на предното совозачко седиште, најдобро е детското седиште да се постави во задниот дел, во спротивна насока од насоката во која се движи возилото. Од безбедносни причини, но и од опасност да се активира воздушното перниче, не се препорачува детското седиште да се постави на совозачкото седиште. Препорачливо е детското седиште да се постави назад, на средина на клупата, а доколку тоа не е можно, се поставува зад страната на возачот или совозачот.

•  Седишта од групата 0 и 1: Детските седишта, од групата 0 и 1, имаат и свој појас, со таканаречена заштита во три или пет точки (рамо, препони и бут). Доколку врзувањето е во средината на градите на детето, ременот е правилно наместен, а дали е добро затегнат, може да се провери преку растојанието меѓу лентата од појасот и градниот кош на детето кое не треба да е пошироко од еден прст.

• Седиште од групата 1, 2, и 3. Експертите препорачуваат, децата да се возат во насока на патувањето само кога можат да седат независно и цврсто и кога имаат телесна тежина над 9 килограми, а оптималната возраст за тоа е околу 1 година. Детското седиште од наведените групи се препорачува  да се постави назад, на средина на задната клупа.

РСБСП со важна напомена: Детско седиште не смее да се постави  на предното седиште  од возилото доколку возилото поседува воздушни перничиња или доколку тие не се исклучени.

На секое патување, користи детско седиште и заштити ги децата од повреди и загуби во сообраќајот!

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: