Како да изберете идеален осигурителен пакет за вашите потреби
Иако донекаде можеме да ги планираме нашите животи, сосема е јасно дека никој не може да знае што носи иднината. Неизвесноста на животните прилики ја зголемува потребата од секаков вид осигурување и затоа е добро сите непредвидени ситуации да ги дочекаме подготвени. Токму со осигурувањето се обезбедува сигурност и заштита за себе, своето семејство, здравјето, домот, превозното средство и сето она што нù значи.
Секоја полиса за осигурување има различно покритие и придобивки за осигуреникот. Она што треба да се има предвид при споредување на понудите за осигурување се видот на осигурување, обем на покриеност, сопствено учество во штета - франшиза, начин на склучување договор, како и максималниот потенцијален износ што осигурителната компанија треба да го плати. Можете да се осигурате од разни непредвидени настани: штети во домот, кражби, природни катастрофи, пожари, поплави, губење багаж за време на патување, повреди на работа, а може да обезбедите и повисоко ниво на здравствено осигурување за себе и своето семејство.
Со цел зголемување на услугите за осигурениците и што подобро да им излезе во пресрет на нивните барања за осигурување, Кроација осигурување постојано развива нови продукти и ги подобрува постоечките производи. Вистинската осигурителна компанија за вас е онаа што ви обезбедува соодветно покритие со квалитетни производи и разумни цени на осигурување, а во исто време има добра репутација за услугите и финансиска можност да ги исполни своите обврски.
Кроација во својата понуда вклучи три осигурителни пакети - CRO START, CRO SMART и CRO SUPERIOR. Поволноста кај CRO пакетите е што претставуваат комбинација од различни видови осигурувања кои се најбарани, така што секој може да одбере она што смета дека му е најважно да го осигура. Пакетите содржат и гратис производи, а истовремено обезбедуваат и дополнителни бенефити и голема заштеда за клиентот.
Основниот пакет CRO START ги содржи осигурувањата кои најмногу ги користат клиентите - домаќинско осигурување, каско осигурување на патнички возила и осигурување од незгода, индивидуално или семејно. Пакетот CRO SMART вклучува домаќинско осигурување, осигурување од незгода и дополнително здравствено осигурување CROCARE кое стопроцентно ги покрива трошоците за различни здравствени услуги во приватни здравствени установи, во зависност од пакетот. Пакетот CRO SUPERIOR, пак, вклучува домаќинско, каско и здравствено осигурување, а осигурувањето од последици од незгода е гратис.
* ПР - Објава