Како да направите склуптури од мраз како вистински мајстор?
Сигурно досега барем еднаш се слушнале дека постои за фестивал на скулпури од мраз, а можеби и сте присутвувале на некој таков. Иако не се во големи размери, сигурно знаете дека таму луѓето од различни делови на светот го покажуваат својот талент за правење на неверојатни скулптури од мраз.
Тешко е, но исто така е и причично забавно и интересно, а ова го потврдуваат и самите креатори на убави фигури од мраз го потврдуваат тоа. Ние, исто така постојано им се восхитуваме. Но, денес имаме интересен предлог за вас. Времето е особено пригодно за оваа активност, а пред вас е и викенд, па затоа сега е вистинско време за тоа. Сега сè што треба да направиме е да се надеваме дека оваа идеја ви се допаѓа. Работата е дека можете да направите интересни скулптури од мраз во боја како вистински мајстори.
За да го направите ова, се разбира, треба да си обезбедите материјал. Нема да ве натераме да набавите тони мраз како што прават големите мајстори, но ова е нешто позабавно. Најдете различни калапи за мраз, ви треба повеќе бои за храна и вода. Потоа направете си мраз. Истурете ја водата во калапите, ставете бои за храна и оставете ги во замрзнувач или комора за водата да се направи мраз. Овој процес обично трае неколку часа, па затоа добра идеја е ова да го направите, на пример во петок вечер и следното утро, односно во сабота се ќе ви биде подготвено за игра.
Утрото, ставете го мразот во голем сад, облечете се топло и добро би било да носите ракавици, а бидејќи работите со мраз, земете шише ладна вода и играта може да започне. Излезете надвор и започнете да правите скулптури. Вие одлучувате што ќе биде тоа. Само запомнете дека кога ќе ги соединувате парчињата мраз, мора да ги навлажните со вода и да изброите до 10 за да се држат едни со други, а доколку е потопло, ќе ви треба подолго време, но не повеќе од 30 секунди.
Не заборавајте да ги фотографирате вашите ремек дела, затоа што колку и да се убави ќе се стопат со текот на времето. Но, да знаете дека е интересно да гледате како се топат, бидејќи се создаат други облици, а и боите почнуваат да се мешаат.
Сега не чекајте, направете ги вашите фигури од мраз во боја и бидете најдобри во светот.