Како да не се чувствуваш осамено, доколку си „сингл“!
За време на празниците, постојано насекаде околу себе гледаш заљубени парови. Се ддржат за рака, објавуваат слатки фотографии на Инстаграм и не можеш да побегнеш од нив. Твоите другарки имаат момчиња, омилети познати личности ти се среќно заљубени, едноставно љубовта е насекаде во воздухот.
Меѓутоа, ти си моментално „сингл“ и се чувствуваш занемарено и осамено. Тоа е најлошото чувство. Но, има решение и за тоа! Наместо постојано да размислуваш за врските на останатите, посвети се на сопствениот живот. Шетај со твоето друштво, забавувај се и повеќе работи на себе!
Научи некоја нова вештина – секогаш си сакала да научиш да свириш гитара и пишуваш убави балади како Тејлор Свифт? Ова е вистинското време за тоа. Пронајди некој кој може да ти дава часови.
Организирај женска вечер – најдобар лек за осаменоста е да поминуваш време со пријателите! Собери го твоето женско друшство, купете многу благо, најдете добри филмови и уживајте цела ноќ без момчиња!
Не се обесхрабрувај – многу е важно да сфатиш дека си една силна личност, која многу работи може сама. Кога твоето друштво следниот пат нема да може или нема да сака да излезе со тебе, немој да дозволиш ова да се обесхрабрува и да ги расипува твоите планови. Наместо тоа, оди во кино и изгледај го филмот што сакаше или пак оди на концертот што долго го очекуваш.
Заборави на социјалните мрежи – социјалните мрежи не поврзуваат меѓусебно и ни даваат моќ за комуникација, каква што порано не постоела. Во суштина, тие имаат доста позитивни работи, но имаат и многу негативни. Наместо целиот свој ден да го поминеш на социјалните мрежи, стави го својот телефон на авионски режим и уживај во моментот. Зборувај со луѓето, гледај околу себе...