Како да препознаеш дека некој е твоја сродна душа? 17 знаци кои го кажуваат тоа
Дали веќе имаш личност во животот во која се пронаоѓаш?
Наводно, секој треба да има една личност, попосебна од сите други, со која ќе се чувствува најдобро досега и со која сè ќе има смисла, односно да има другата половина. Ако верувате во тоа, ова се знаци кои ќе ви ги откријат дали веќе имате ваква личност во вашиот живот.
Концептот дека има само една совршена личност за секого, односно сродна душа, не е нешто во што секој верува. Има толку многу луѓе на светот што е невозможно да се верува дека само една личност е соодветна за нас. Сепак, помислата дека има некој таму (или неколку луѓе) токму за нас, со кого сме идеална двојка, не е лоша. Како да знаете дали постои личност во вашиот живот сега, или личност која би била ваша сродна душа? Тоа може да ја препознаете според овие 17 знаци.
# Едноставно знаеш
Нема тест што можете да го решите и да откриете дали некој ви е сродна душа или не, само треба да го почувствувате тоа. Звучи глупаво, но тоа треба да го чувствувате и знаете. Како? Тоа е личност во чие друштво ќе сакате да бидете постојано, што почесто и што подолго, некој со кого ќе можете да разговарате за сè и да се отворите и за некои работи што не би им ги кажале на другите и кои едноставно ќе ги сакате.
# Тоа е личноста која е и ваш најдобар пријател
Пријателството е најдобра основа за врска. Да се биде со некој што го познавате 2 дена нема смисла и има големи шанси врската да не трае, но вистинската личност е некој што ќе биде сè во едно - и пријател и момче / девојка.
# Се чувствувате смирено додека сте со неа
Сè е природно кога сте заедно и нема притисок ниту се чувствувате лошо или вознемирено на кој било начин. Ваква опуштена атмосфера може да најдете само со неколку луѓе, и таа е една од тие.
# Емпатија
Чувствувате огромна емпатија кон таа личност - на пример кога таа ќе добие 1 на тестот и се чувствува лошо, и на вас ви е жал, кога ќе видите дека нешто ја вознемирило и вие се чувствувате вознемирено, кога ќе успее во нешто никој нема да биде горд на неа како вас...
# Се почитувате еден со друг
Недостатокот на почит во врската јасно покажува дека станува збор за токсична врска. Кога некој ве почитува како личност во секоја можна смисла и ги земе предвид вашите чувства, идеи, желби, вие знаете дека тој / таа се грижи.
# И се восхитувате на таа личност
За две лица да бидат идеални едни за други не мора да бидат идентични, да имаат исти интереси, исти хоби или исти пријатели, но треба да имаат исти вредности. Можеби вашиот симпатизер не сака да чита колку што читате вие, но тој го исполнува слободното време на некој друг квалитетен начин, нешто за што вие му се восхитувате.
# Се согласувате за важни работи
Не мора да сакате исти филмови или ист вид храна, тоа секогаш е лесно се договара, но ако ви значат истите работи во животот, тоа е знак дека сте еден за друг.
# Ви се совпаѓаат целите
Ако сакате да се иселите од државата кога ќе дипломирате, а личноста со која сте во врска не може ни да го замисли тоа, тоа е проблем. Или еден ден се гледате себеси како личност со семејство, а вашето момче / девојка не, тоа е нов проблем.
# Тоа е личноста поради која сакате да станете подобар човек
И, која е вашата мотивација за истата работа.
# Не морате да глумите пред неа и можете да бидете свои
Нема лажирање во вашата врска, вие не мора да се преправате дека сте подобри отколку што сте или да бидете внимателни дека се претставувате во вистинското светло. Можете да бидете тоа што сте и да не се грижите што ќе помисли, затоа што знаете дека таа личност ве сака без оглед на сѐ.
# Се борите за таа врска
Во секоја врска, кога тогаш ќе се појави проблем, но она што е важно е како ќе се однесувате кога ќе дојдете во таква ситуација. Ќе ви биде ли сеедно и со задоволство би се откажеле, отколку да се обидете да најдете решение или ќе се борите со сите сили да го најдете тоа решение? Фактот дека никој од вас не сака да се откаже кога е најтешко е знак дека тоа е тоа.
# Не плашете се да покажете дека се грижите
Врските што се полни со игри и емотивни манипулации не се вид на врска што ќе биде помеѓу две лица кои се сродни души. Да се покаже некому колку ти е гајле / колку ја сакаш таа личност не е мала работа, така стануваме ранливи и нема да ја покажеме таа страна на никој друг.
# Еден на друг сте си најголеми обожаватели
Вие сте секогаш тука еден за друг, без оглед на сѐ, се поддржувате во големите и малите моменти и секоја победа на еден од вас изгледа како заедничка.
# Не треба да лажете - за ништо
Некои работи е потешко да се признаат и посакуваме да не се вистинити, но една личност на која ќе можете да и кажете сѐ и да знаете дека нема да ве гледа со различни очи е вашата сродна душа.
# Постои силна хемија помеѓу вас
На крајот на краиштата, се разбира дека е важно да се привлекувате физички. Вие нема да можете да ги тргнете рацете од таа личност и секогаш во мислите ќе ви биде нејзината насмевка, изгледот или начинот на кој ве прегрнува кога ќе ве видат.
# Се чувствувате безбедно во таа врска
Не мора да се грижите каде е, доколку не ве бара секој час или да се грижите за тоа што прави кога е надвор со пријаелите. Понекогаш се чувствувате љубоморни, тоа е нормално, но имате доверба во таа личност и знаете дека ништо нема да се случи.
# Постојано сакате да бидете заедно
Иако не успеавате и не можете да се гледате секој ден, со задоволство би сакале тоа да биде возможно. Не мора да правите ништо заедно, доволно е да седите во тишина или да гледате серија, но фактот што сте заедно ве прави среќни.
Извор: teen385.com