Како да престанеш да ги грицкаш ноктите? Доколку ништо не помага, обиди се со некој од овие 5 трикови
Сигурно ти е познато она чувство кога сакаш да престанеш да ги грицкаш ноктите, но тоа едноставно е посилно до тебе...
Освен што ги уништувате ноктите и забите, да не спомнуваме колку е лошо и нехигиенски да ги ставате рацете во уста, особено кога сте некаде надвор. Сево ова треба да биде доволно за никогаш да не помислите да ги грицкате ноктите повторно, но некои навики тешко можат да се ослободат.
Од многу причини, ова е лошо за вас, но сега нема да зборуваме за тоа, бидејќи дури и не е важно, a некои од овие совети ќе ви помогнат да ја оставите зад себе оваа навика.
# Стави вештачки нокти
Еден од начините што може да им помогне на девојчињата да престанат да грицкаат нокти е да одат во салон и да стават вештачки нокти. Не ставајте лак, бидејќи тоа нема да ве спречи. Но, кога одите во салон, ставете вештачки нокти и потрошите околу 1000 денари или дури и повеќе, а вашите нокти ќе изгледаат одлично, со тоа што следниот пат кога ќе тргнете да ги гризете, ќе размислите двапати. Ова е нешто што навистина се покажа корисно и им помогна на луѓето. Можете дури и да изберете некоја форма на ноктите што ќе го направи уште потешко, како што се зашилените нокти.
# Кажете им на луѓето околу вас да ве удрат кога ќе видат дека грицкате нокти
Пријателите ќе бидат воодушевени од оваа идеја. И покрај тоа што ги сакаме нашите пријатели и тие нè сакаат, нема да им биде проблем да ве удрат секогаш кога ќе видат дека грицкате нокти. Ова исто така ќе ви помогне да станете свесни и да разберете во кои ситуации најчесто го правите тоа. Едно истражување открило дека овој метод ги зголемува шансите за успех за дури 95%! Може да побарате помош од пријателите, родителите, братот или сестрата, момчето или девојката или од сите нив, во зависност од тоа со кого поминувате најмногу време.
# Мачкајте ги рацете со крема, колку почесто, толку подобро
Кремите за раце содржат парфеми кои прават да мирисаме толку убаво. Освен што е одлично само по себе, тоа е исто така одлично затоа што може да ви помогне при оваа лоша навика. Токму поради парфемот и другите состојки, овие производи не се добри за јадење, всушност, имаат многу горчлив вкус. Следниот пат кога ќе самате да ги грицкате ноктите откако ќе ги намачкате рацете со крема, брзо ќе ги извадите од устата, поради вкусот на кремата. Секогаш имајте крема во чантата и да мачкајте ги рацете што е можно почесто. Ова е добро и поради големата употреба на средство за дезинфекција на рацете. Две муви со еден удар.
# Секогаш со себе имај мал сет за маникир
Некои грицкаат нокти од нервоза, а некои грицкаат нокти затоа што често им пукаат и сакаат да го откинат делот што се распаднал или да ја гризнат кутикулата околу ноктите. За такви случаи, постои едно едноставно решение - секогаш да имате мал сет за маникир. Наместо да го грицкатете ноктот и / или кутикулата околу него еден час, на овој начин едноставно ќе го решите проблемот за една минута со вистинските алатки.
# Откријте ја главната причина зошто го правите тоа
Кога ја знаеме причината за нешто, поголеми се шансите да го најдеме вистинското решение. Исто е и со грицкањето на ноктите. Оние кои веќе се длабоко навлечени на оваа навика, честопати го прават тоа несвесно, но во специфични ситуации. Кои се тие ситуации? Кога ќе дознаете зошто и кога се случува, тогаш ќе можете да влијаете на тоа и да се обидете да се одвикнете полека. Може да ги грицкате, на пример, кога сте нервозни на училиште. Ако тоа е причината, најдете начин со кој рацете ќе ви бидат зафатени кога сте во такви ситуации или пронајдете друг начин да ја смирите вашата нервоза. За некои, гума за џвакање помага.
фото: shutterstock