Како да се проколнати: Џастин и Хејли Бибер со години ги прогонува една несреќа
Излгеда дека Џастин и Хејли Бибер веќе неколку години ги прогонува несреќа: пред извесно време двојката зборуваше за својата борба да добие дете...
Во март, Хејли Бибер заврши во болница со оштетување на мозкот откако почувствувала знаци на мозочен удар. Тогаш лекарите успеале брзо да ја кренат на нозе, а сега и нејзиниот сопруг има здравствени проблеми.
Џастин Бибер неодамна призна дека боледува од тешка болест. 28-годишниот актер на социјалните мрежи објави видео на кое вели дека ќе има долго лекување, кое не гарантира целосно ослободување од симптомите на болеста.
„Го имам синдромот Рамзи Хант - најверојатно може да видите дека нешто не е во ред со моето лице. Нервот во увото и фацијалите нерви се погодени од вирусот, кој предизвикува парализа на лицето. Но, ќе се опоравам: правам специјални вежби за ова, кои треба да ми помогнат да го вратам лицето во нормала“ - изјави пејачат на својот Инстаграм профил, признавајќи дкеа уште не знае колку долго ќе трае заздравувањето.
Тој дури призна дека му е потребна поддршката од обожавателите:
„Секој ден ми е сѐ потешко да јадам. Ова е многу фрустрирачко, молете се за мене“.
Лекарите кажале дека таквата болест е многу ретка во младоста, па случајот на Бибер може да се нарече необичен. Експертите исто така наведуваат дека фактот што му е парализирано само половина лице ги зголемува шансите за брзо оздравување.
„Ако се придржува до планот на лекување, резултатот ќе се забележи за неколку месеци, бидејќи нервните завршетоци, судејќи по сѐ, се само делумно зафатени“ - кажа за новинарите оториноларинголот Џон Огалаи од Универзетот Јужна Калифорнија.
Џастин Бибер пред неколку години призна дека боледува од лајмска болест. Пејачот им се пожали дека обожавателите се сомневаат дека користи недозволени супстанци, додека тој храбро се обидува да се избори со болеста која му го промени изгледот.
Меѓутоа, Џастин не порекува дека во минатото имал проблеми со лошите навики. Сите одлуки кои ги носел пред 20-тата година, Бибер ги нарекува „погрешни“.
„Ми требаше многу години за да се опоравам, да ги изградам односите со саканите и да ги променам навиките. За среќа, Бог ме благослави и ме награди со луѓе кои ме сакаат таков каков што сум“ - неодамна призна Бибер во едно интервју.
фото: Принтскрин / Инстаграм