Како да спречиш на Јутјуб да ти излегуваат реклами? Има трик за кој не ти е потребна дополнителна апликација
Јутјуб не сака да го знаеме ова, но сепак го дознавме...
Ако од нешто сите се нервираме, тогаш тоа е кога ќе гледаме видео на Јутјуб и пет пати во текот на гледањето да го прекинат здодевни реклами. Постојат апликации кои ги блокираат рекламите, но има и еден едноставен начин како засекогаш да ги исклучите.
Рекламите се нешто што на сите ни е иритирачко, особено кога нè прекинуваат додека гледаме или слушаме нешто. Од сите реклами, оние на Јутјуб најверојано се најлоши. Откако се појавија, луѓето наоѓаат различни начини да ги исклучат. Тие секогаш се исти, бескорисни и заморни. Некои од начините за нивнот исклучување се дополнителните апликации и додатоци за „Google Chrome“ со кои ќе ги брокирате, но има и многу поедноставен начин.
Во поставките на Јутуб, постои опција која треба да ја исклучиш и рекламите повеќе нема да ти се појавуваат - нема да ти биде потребна никаква дополнителна апликација. Сигурно не би ја пронашле сами оваа опција, но затоа се тука оние кои се разбираат малку повеќе во технологијата и кои ни откриваат вакви трикови.
@kelix_media YouTube ne zeli da znate OVO!!! #fyp #foryou #foryoupage #foryourpage #hack #lifehack #viral #viralvideo #youtube When I Ride - Ashley Mehta
Кога ќе го отвориш Јутјуб, треба со десен да кликнеш на логото во горниот лев агол и да ја избереш опцијата „Inspect“. Потоа ќе ти се отвори прозорец кој ќе те збуни и ќе изгледа како нешто за програмери. Таму ќе ја видиш иконата тркалце, која е добро позната како „Settings“ и треба да кликнеш на неа. Кога ќе ти се отвори новиот прозорец, треба да скролнеш надолу, додека не стигнеш до опцијата „Force ad blocking on this site“. Ќе ја означиш таа опција и тоа е тоа - блокирани ти се рекламите на Јутјуб без да симнеш ниту една дополнителна апликација. Ова важи за Јутјуб на компјутер, но не и за мобилната верзија на Јутјуб. Некои велат дека ова им функционира, други дека не. Во коментари, некои луѓе велат дека ова функционира ако се користи пребарувачот „Brave“, а не „Chrome“.
фото: unsplash.com