Како да застанало времето за неа: Соња Реј и по 20 години изгледа исто како во серијата „Млади бунтовници“ (ФОТО)

Како да застанало времето за неа: Соња Реј и по 20 години изгледа исто како во серијата „Млади бунтовници“ (ФОТО)

Објавена во: Stars // Филм

Се сеќавате ли на мајката на Марица од серијата „Млади бунтовници“?

Пред 20 години, тинејџерите ширум светот беа луди по серијата „Млади бунтовници“, во која главните ликови - Миа, Ману, Марица и Пабло се издвоија како омилени. Но, големо внимание привлекуваа и споредните улоги, како на пример Соња Реј, мајката на Марица.

Неа ја глумеше актерката Кетрин Фулоп. Многумина и ден денес се сеќаваат и зборуваат за нејзината непосредност, отворен пристап и пожртвуваност како мајка, а во тоа време многу тинејџерки посакаа нивните мајки да бидат исти како неа.

Оваа актерка, денес има 58 години, поточно на 11 март го прослави својот роденден. На нејзиниот Инстаграм профил по тој повод сподели фотографии и видеа од роденденската забава, од кои сите заклучија дека на неа годините не ѝ можат ништо - за неа времето како да застанало.

И по 20 години изгледа неверојатно, уште го има истиот сексапил и топ форма, а насмевката која ја имаше некогаш и денес ја има, додека позира покрај својот сопруг и пријателки.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: