Како да знаете дека на вашата коса и е потребно кратење?
Без разлика дали вашиот фризер е всушност ваш терапевт, бидејќи сте често кај него или неговиот салон го посетувате за прв пат, понекогаш е тешко да процените кога е време за кратење на косата.
Фризурите може да бидат многу скапи и престојот кај фризерот да биде долго, а на крајот од денот вие да немате потреба да губите толку пари и време? Од друга страна, многумина би требало често да одат кај својот фризер, бидејќи безживотната и оштетена коса на никој не му помага. Освен тоа, сигурно никогаш не сте се ишишале и одејќи си од кај фризерот не сте си рекле: „Дали навистина ова ми беше потребно?3“ Одговорот на ова прашање е секогаш ДА.
Доколку не сте сигурни кога треба да одите на шишање внимавајте на овие знакови и следниот термин закажете го според еден од овие знакови:
# Имате испукани врвови
Не морате да користите микроскоп за да ги пронајдете испуканите врвови, а третирањето на истите е невозможно, но со редовното шишање може да ви помогне.
# Косата ви делува досадно, како да нема никаков облик
Кога немате доволно сјај на косата време е за кратење на косата и обновување на влакната.
# Косата не ви се навиткува ниту со помош на топла алатка
На косата и треба влага за да направи облик и сјај, затоа најдобро е сувите врвови да ги скратите на време.
# Косата лесно ви се заплеткува
Доколку врвовите лесно ви се заплеткуваат во јазли, време е за кратење на истите.
# Долго време не сте шишале
Доколку никогаш не сте имале храброст за промена на својата фризура, но сте ја посакувале во минатото, време е да размислите за тоа. Ова може да биде една од најпозитивните промени.
Извор: teen385.com