Како дете ги освои сите со раскошниот глас, а потоа се повлече од јавноста: Сега се враќа на музичката сцена како згоден фраер (ФОТО)

Како дете ги освои сите со раскошниот глас, а потоа се повлече од јавноста: Сега се враќа на музичката сцена како згоден фраер (ФОТО)

Објавена во: Stars // Музика

Едвај ќе го препознаете денес...

Никола Миленковиќ го паметиме како слатко 12-годишно момче кое ги освои сите со неверојатниот глас во музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“. Во меѓувреме порасна и сега е згоден фраер по кој девојчињата се луди.


Имено, Никола по натпреварувањето се посвети на образованието, и неколку години беше во медиумска илегала. По 7 години се појави на музичката сцена и го објави својот прв сингл „Предигра“ и ги остави сите без текст со својата трансформација. Многумина не можеа да сфатат за кој станува збор, бидејќи многу се има променето.


Денес, Никола има 20 години. Воопшто не личи на момчето од „Ѕвездичките на Пинк“, а со тренинг, телото го има доведено до совршенство. Доколку судиме по неговите последни активности на полето на музиката, дефинитивно има намера сериозно да се посвети, бидејќи често истакнува дека тоа е неговата најголема љубов.

На Инстаграм има повеќе до 35.000 следбеници, додека тинејџерките на ТикТок се полуден со неговите песни, и сега веќе има стотина видеа на кои во позадина одат неговите песни.




фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: