Како до пари: Илон Маск во 4 чекори ќе ви каже како да се стане експерти

Како до пари: Илон Маск во 4 чекори ќе ви каже како да се стане експерти

Објавена во: Живот // Живот

Проширувањето на разбирањето за различни области може да биде корисно лично и професионално

Илон Маск постојано учи и ги применува своите знаења во низа различни дисциплини. Тој е, без сомнение, експерт во различни области.

Илон Маск е еден од најпаметните, најбогатите и најмоќните луѓе во светот, кој не се двоуми да се обиде да ги оживее своите навидум надреални идеи преку амбициозни проекти.

Мозокот кој стои зад „SpaceX“, „Tesla“ и „The Boring Company“ е исклучително вреден и инвестира 85 часа работа неделно во своите проекти и компании, пишува Mager.ba.

Маск се спротивставува на вообичаеното верување дека треба да се специјализирате за да станете експерт во една област за да бидете успешни.

„Општ експерт“ по дефиниција е некој што има можност да стекне експертиза во различни дисциплини, индустрии, вештини и теми.

Низ историјата, полимати (луѓе полни со знаење), како што се Леонардо да Винчи, Томас Едисон и Никола Тесла, иновативно користеле исклучително широко знаење.

Како модерен полимат, Илион Маск покажува дека проучувањето на различни области може да ви даде информативна предност што ги поттикнува иновациите. Маск е во состојба да интегрира уникатни комбинации на вештини и знаења и да го пренесе своето учење во различни дисциплини.

Можеби немате време и енергија да посветите 85 часа неделно на усовршување на своите вештини и знаења, но сепак вреди да вложите напори да се „разгранете“.

Концептот на Маск за „семантичко дрво“

Концептот на „семантичко дрво“ се состои во деконструирање на знаењето во основни принципи за да можете да го изградите своето учење врз солидна основа. Маск многу читал уште од адолесценцијата за да ја задоволи својата жед за знаење, а воспоставувањето разновидна и методична навика за читање е корисна техника на учење за секоја амбициозна личност.

Еве едноставен пристап во четири чекори кон новата тема:

Идентификувајте ја темата. Пронајдете неколку воведни лекции или побарајте неколку основни текстови, од учебници или угледни списанија, за да имате сигурен преглед на основите.

Запишете белешки. Опишете клучни факти и идеи со свои зборови за да бидете сигурни дека разбирате што сте прочитале. Прочитајте ги белешките додека не ги научите.

Проширете го вашето знаење. Кога ќе научите основни информации од еден текст, побарајте нови на истата тема.

Тестирај се. Ако информациите што сте ги научиле се практични, испробајте ги во реалниот живот. Ако тие се теоретски, обидете се едноставно да ги објасните на пријател или колега за да проверите колку добро ги разбирате.

Проширувањето на разбирањето за различни области може да биде корисно лично и професионално.


Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN MONTERROSA


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: